ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија и Грција не се главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ

од Nikola Popovski
224 прегледи

Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите, обвинија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ“.

-Ниту едното, ниту другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа. Реалноста за жал е поразителна за Македонија, истакнуваат од партијата на Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и претседателот Стево Пендаровски дека прифатиле капитулантски договори на штета на Македонија, условувањата, негациите и отворените прашања не исчезнаа.

-Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на Устав и ќе убедува дека тоа  ќе биде последното понижување(по кој знае кој пат). Овој пат граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена. Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет, порачаа од „Белата палата“.

Во неделата, на промоцијата на Пендаровски како кандидат на СДСМ за претседателските избори, шефот на државата иронично се осврна на уставните промени и надворешната политика.

-Ако успеат, како што велат, да ги стават Македонците во Уставот на Бугарија и да ги натераат Бугарите да го признаат македонско малцинство во Бугарија, јас ќе бидат првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ, кажа Пендаровски пред делегатите на СДСМ.

Скопје и Софија во 2017 година потпишаа Договор за добрососедство, но, Бугарија во 2019 година стави вето Македонија да добие датум за почеток преговорите за членство во ЕУ поради историски, јазичен и идентитетски спор.

ВМРО-ДПМНЕ беше против потпишувањето на овој Договор. Опозициската партија собираше и потписи, поднесувајќи иницијатива до законодавниот дом за задолжителен референдум на државно ниво за престанок на важењето на Договорот. Но, таа беше одбиена од тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Со прифаќањето на „францускиот предлог“, за кого имаше низа протести пред македонското Собрание и усвојувањето на преговарачката рамка во која се доби чисто именување на македонскиот јазик, без дополнителни фусноти, Македонија ги отвори пристапните преговори со ЕУ во 2022 година, откако делумно беше надмината блокадата со Бугарија.

Слични содржини