ВМРО-ДПМНЕ: Добро е да се чуе дека Пендаровски е на иста линија со Мицкоски за референдум

од Nikola Popovski
236 прегледи

Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот. Референдумот е највисока форма на демократијата во едно општество, и најдобар начин да се слушне ставот на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „добро е да се чуе дека Пендаровски е на иста линија со Мицкоски, и дека размислува да поддржи референдум“.

-Наскоро претседателот Мицкоски ќе излезе со формулацијата и очекуваме Пендаровски да го поддржи и повика на поддршка од сите политички партии. Референдумот мора да им даде право на граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина.

ВМРО-ДПМНЕ е за европска иднина, но со зачувано дпстоинство и под исти правила и услови кои важеле за сите до сега, а не Македонија да се дискриминира, соопштија од „Белата палата“.