ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт ќе го ревидира целиот случај со Универзална

од Nikola Popovski
306 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утрово упати критики кон СДСМ, обвинувајќи дека „за пожарот во Универзална сала нема виновен, нема ниту извинување од лидерот на партијата, Димитар Ковачевски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска“.

Според најголемата опозициска партија, симоболот на Скопје изгоре затоа што, како што велат, СДСМ 7 години ја претворија во руина и градежен објект кој никако да се заврши.

-Наместо реконструирана Универзална сала, имаме тендери и изведувачи блиски до СДС, затоа и нема одговорност. Но Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив. Одговорност ќе има, веднаш по преземањето на власта, ќе биде ревидиран целиот случај, истакнаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Започна увидот по пожарот во Универзална сала. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај, велат од Обвинителството. Вчера Државниот инспекторат за труд извршил и контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на салата.

На 18-ти септември лани, Министерството за култура ја презеде концертната сала. На 16-ти февруари годинава продолжи реконструкцијата.

Слични содржини