ВМРО-ДПМНЕ: Филипче до вчера велеше нема мерки и сега кога Владата презема, вели зошто има мерки

Претседателот на СДСМ денеска рече дека мерката што ја најави премиерот Мицкоски, да се намали ДДВ на горивата од 18% на 10% е прво задоцнета, а второ е далеку од доволна и нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата кои што граѓаните ќе ги плаќаат

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Фејсбук

„СДС и Филипче до вчера велеа нема мерки и сега кога Владата презема мерки велат зошто има мерки. На СДС и Филипче ништо не им чини. СДС и Филипче настапуваат тотално без концепт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на опозицијата смета дека задоцнета мерка за намалување на ДДВ за горивата откако вртоглаво растат цените на светските берзи.

Што се однесува до позицијата како се однесува државата во криза, кога и државата беше во ковид кризата, додаваат од најголемата владејачка партија, да се потсетиме како се однесуваа Венко и Заев, кога десетици илјади луѓе ги загубија животите, и додека луѓето умираа тој договараше вакцини, стари провизии, и додека модуларната гореше тој правеше анекси.

-Кога народот го лажеа дека ќе дојде Фејсбук и Гугл, а не се отвори ни една нова инвестиција, Филипче се радуваше кога ќе добиеше вакцини и од тоа правеше настан и како свадба без невеста ги чекаа на граница.

Во однос на заложбите на Владата, со денешната одлука се заштедуваат околу милион и пол илјади евра седмично, коишто граѓаните ќе ги дадеа доколку не беше оваа мерка. И нема струјата да поскапи како во време на СДС, посочуваат од партијата на Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ додава СДСМ три пати ја зголеми акцизата на нафтата кога беа на власт.

-И со тоа зголемување на цените, ја отворија спиралата на покачување на сите цени. Инфлацијата во време на СДС беше двоцифрена, а СДС и ДУИ не вложуваа во капитални инвестиции, туку инвестираа во нивните џебови, нагласуваат од партијата на власт.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска рече дека мерката што денеска ја најави премиерот Мицкоски, да се намали ДДВ на горивата од 18% на 10% е прво задоцнета, а второ е далеку од доволна и нема да придонесе за реално намалување на цените на горивата кои што граѓаните ќе ги плаќаат. Филипче потсетува дека цените на горивата веќе три недели се покачени.

-Прво дизелот се покачи за 14 денари, па потоа за уште 7 денари, и тоа се 21 денар. За утре се очекува ново поскапување на горивата. И имајќи го предвид ова намалување на ДДВ-то, тоа значи дека граѓаните нема да видат во текот на утрешниот ден, следната недела, следниот период вистинско намалување на цените на горивата кои што ќе ги плаќаат на бензиските пумпи. Туку горивото очекуваме да се зголеми за дополнителни 4 до 6 денари согласно новата пресметка на цената, кажа Филипче и додава дека започнати се веќе поскапувањата -маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм.

„И сега нема мерка за намалување на цените на храната. А овие цени кога еднаш ќе се покачат тие повеќе нема да се вратат назад. Се прашувам со кое лице без срам излезе премиерот пред граѓаните со само една половична мерка. За да ни зборува колкави се цените на горивата во соседството“, рече лидерот на опозицијата, меѓу другото.