ВМРО-ДПМНЕ ги „чепка“ ДУИ: Дураку за мандат во „Телеком“ ќе наплати 80.000 евра, Дардишта – 50.000

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ, во рамките на аферата „Паразити“ продолжи со објавување на платите на државни функционери именувани од Владата.

Зоран Китанов, поранешен директор на ЈП „Државни патишта“, кој сега е именуван за претседател на Одборот на директори на Телеком има месечна плата од 6.200 евра и во својот мандат ќе инкасира 300 илјади евра, пресметаа од партијата.

На денешната прес конференција беа објавени платите и на членовите од Одборот на директори во Телеком а се членови и на ДУИ.

„Како заменик претседател на Одборот на директори е Садула Дураку од ДУИ. Дураку за еден месец зема 1.500 евра плата, што за една година е 18.000 евра. Тој за еден свој мандат ќе наплати речиси 80.000 евра. Плата од 1.000 евра зема и Шкодране Дардишта од ДУИ која за еден мандат во Телеком, како неизвршен член на Одборот на директори ќе наплати безмалку 50.000 евра. Дардишта е политичар од ДУИ која се закануваше со војна, и ги подгреваше тензиите во општеството пред нецела година“, изјави Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ.

Во секторот енергетика, според ВМРО – ДПМНЕ, директорите на ЕСМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани имаат плата од 1.700 евра.

Слични содржини