Дураку: Во 2001 ја спасивме Македонија, сега ја спасуваме Северна Македонија

од Nikola Popovski

Нема Влада без уставни промени, порачал синоќа носителот на„Европскиот фронт“ во втората изборна единица, Садула Дураку. Тој во емисијата „Клик плус“ истакнал дека ДУИ е државотворна партија и дека „ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ не можат да ја водат државата како што сакаат“.

„Оваа земја мора да оди напред, мора да го одржи европскиот пат. ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ не можат да ја водат државата како што сакаат. И ние сме дел од оваа држава. ДУИ се покажа како државотворна партија и води политика за доброто на државата. Во овој контекст, за доброто на државата мора да има уставни измени, нема влада без уставни измени“, рекол членот на ДУИ.

Тој нагласил дека „во 2001 година ја спасиле Македонија, а во 2024 година ја спасуваат Северна Македонија“.

„Во 2001 година ја демократизиравме државата, ја спасивме Македонија, а сега во 2024 година ја спасуваме Северна Македонија избирајќи го вистинскиот пат. Ја насочуваме земјата кон европскиот пат бидејќи немаме друга алтернатива“, коментирал носителот во ИЕ2.

Дураку е поранешен вицепремиер во владата на екс-премиерот Зоран Заев.

Слични содржини