ВМРО-ДПМНЕ ги контролира ВЛЕН преку отворени предмети во ОЈО за дивоградбите, обвинуваат од ДУИ

од Nikola Popovski
33 прегледи

„Во Општина Чаир, изградбата на над 150 згради без дозволи, без статички и сеизмички стандарди и без никаква институционална контрола, претставува не само урбан криминал и сериозна опасност за граѓаните, туку и средство за политички притисок врз лидерите на овие партии што ги претпочита премиерот Христијан Мицкоски, кои сега станаа послушни алатки на антиевропската и антиалбанската агенда на Владата“. Ова се наведува во реакцијата на ДУИ, според која, ВМРО-ДПМНЕ ги создала и избрала ВЛЕН затоа што се уценливи и контролирани преку досиеја отворени во Обвинителството.

Партијата на Али Ахмети тврди дека „Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса на претставување, каде што нивниот глас е заменет со луѓе понижени од страв од кривично гонење“.

-Ова е намерен проект за поткопување на меѓуетничката рамноправност, за поништување на Охридскиот договор и за тргнување на земјата од европскиот пат, тврдат од ДУИ преку соопштение.

Обвинителството вчера отвори истрага за дивоградба во Чаир, но таа зграда не е во листата на дивоградби кои ги објавуваше градоначалничката Данела Арсовска. Како што соопштија од Обвинителството, објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата Кемал Сејфула во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата – станбена зграда со деловни простории и катност приземје, шест ката плус поткровје, наменети за продажба.

Слични содржини