СДСМ попладнево обвини дека со одбивањето на мерките против загадениот воздух, „ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека ја интересираат само тендери и провизии“.
-ВМРО-ДПМНЕ ја интересира само за тендери и провизии за богатење на одредени поединци, но и не и граѓаните. За жал, сите граѓани ја плаќаат цената од неодговорниот однос на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска – Левица. ВМРО-ДПМНЕ да престане да тера инает, ова не е време за политика, туку за делување, мерките против загадувањето се од значење за сите граѓани на Скопје, порачаа од СДСМ.
На ова следуваше реакција од најголемата опозициска партија. Од таму посочија дека „мерките се чист популизам“.
-СДСМ е 7 години на централна власт, а полумерките на советникот Шутаров нема да сменат ништо и се чист популизам. Наместо да го местат да чита проза и поезија потребни се суштински мерки за почист воздух кои не може да се имплементираат без владата. Никој во Скопје не верува дека почист воздух ќе има ако се обезбеди бесплатен превоз во ЈСП, или еднократно се доделат пари под ставката животна средина. Со ваквите полумерки само СДСМ и Шутаров отвораат пат за нови субвенции кои Градот треба да ги додели на директорот на ЈСП кој доаѓа директно од штабот на СДСМ, соопштија од партијата на Христијан Мицкоски.