ВМРО-ДПМНЕ ги прашува СДСМ „дали ќе слават Нова година по дубајско време“

Не престануваат соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ по повод фотографиите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче на аеродромот во Венеција

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Не престануваат соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ по повод фотографиите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче на аеродромот во Венеција. Повторно се споменува и името на екс-премиерот Зоран Заев.

Од владејачката партија ја прашуваат СДСМ „дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време“.

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче?

Воедно остана неодговорено како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, бидејќи досега не видовме доказ дека златната виза ја добил на поинаков начин, иако викаше дека ќе покаже“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред два дена на социјаните мрежи се појавија фотографии од лидерот на СДСМ снимен на аеродромот во Венеција, Италија. Од партијата на власт веднаш соопштија дека, според нивните информации, Филипче оттаму отпатувал за Дубаи.