Во Собранието денеска се одржува состанок на Работната група за учество на Дијалогот „Жан Моне“.
Состанокот го свика претседателот на Собранието Талат Џафери. Во групата членуваат претставници и координатори на пратеничките групи, дискусијата е фокусирана на промена или усвојување на нов Деловник за работа на Собранието.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека нема да присуствува на средбата.
Тој вели деканема да присуствува на средбата поради тоа што тие не биле консултирани за денот и тајминог на продолжението на „Жан Моне“ процесот.
„Очигледно продолжението на Жан Моне е поради лошиот Извештај на ЕК за делот за Собрание. Она што денеска се случува е потврда за тоа. Состанокот се случува без консултации со опозоцијата и на него ќе присуствуваат само претставници на власта. Процес на носење на нов Деловник без ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилен процес“, истакна Мицевски.