ВМРО-ДПМНЕ го критикува Пендаровски дека побарал канцеларија

од Nikola Popovski
56 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи нападите кон екс-претседателот на државата, Стево Пендаровски. Од партијата соопштија дека поранешниот претседател побарал своја канцеларија по завршувањето на мандатот.

-На 14 мај 2024 година од Кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но бидејќи таа можност не постои во иднина ќе земел. Таа иднина очигледно веќе била на 15 мај, т.е. наредниот ден, кога Пендаровски побарал да му се дозволат средства за канцеларија. Претседателот по закон го следува канцеларија, но лажната скромност и лицемери на Пендаровски се одраз на неговиот манипулативен однос со граѓаните, информираат од партијата на Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ уште вчера соопшти дека Пендаровски, како што велат, ги излажа граѓаните кога глумеше скромност.

Од средината на мај годинава беше познато дека поранешниот претседател нема да користи претседателска пензија и ќе се врати на академската кариера. Од неговиот тим потврдија дека Пендаровски се откажува од пензијата која што му следува со закон и ќе се врати на професорската позиција на Американ Колеџ во Скопје.

Претставници на МВР ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство Пендаровски би можел да користи низа бенефиции како пензија и канцелариски простор со најмногу до тројца стручни соработници, право на лично обезбедување, како и користење на службено возило и возач. Ваквите права ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.

Слични содржини