ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за парична награда за пожарникарите, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
39 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на СДСМ за соодватна финансиска награда за пожарникарите, војниците, полицајците, за сите кои учествуваат во гаснењето пожари. Вчера го одбија и амандманот на СДСМ за поголеми плати за работниците, обвинија попладнево од партијата на Венко Филипче.

Од СДСМ посочуваат дека нема пари за работниците.

-Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за пожарникарите, нема пари за војниците, нема пари за полицајците, за работниците….Пари им само за луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри со бизнис класи.

Баш му е гајле за животниот стандард на народот. Работникот за него е неважен, го смета за евтина работна сила. Ваква Македонија, нема да биде горда. Ќе биде понижена и осиромашена, стои во соопштението на партијата од „Бихаќка“.

Слични содржини