ВМРО-ДПМНЕ го саботира менаџирањето со ковид-кризата, вели Филипче

од Vladimir Zorba
195 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ го саботира менаџирањето со кризата, преку непотпишувањето на договорот со Светска банка за заем со што доцнеа модуларните болници, сега тие болници се отвораат, го компромитираа начинот на снабдување со вакцините, се обидуваа да добиваат политички поени на сметка на жртвите од ковид, на сметка на трагедиите на семејствата, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Жешко политичко лето“ прашан од опозицијата дали ќе понесе одговорност за состојбата со ковидот.

Ако се опозициска партија, рече Филипче, не значи дека немаат одговорност.

-Немам видено ниту еден нивни претстваник да повика на вакцинација па макар и на нивното членство. Ниту еден момент никој од нив не излезе со ниту еден конструктивен предлог, сето ова што го гледаме во измнинатиов период се обиди политички да се поентира, нагласи Филипче.

Слични содржини