СДСМ го критикува ВМРО-ДПМНЕ дека целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор.
-ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.
Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци, велат од партијата на власт.
Од друга страна, партијата на Христијан Мицкоски бара од пратениците на СДСМ и ДУИ да го поддржат предлогот за продолжување на важноста на пасошите. Во спротивно, бараат да се откажат од своите дипломатски пасоши.
-Ако СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста на пасошите, тогаш чесно е сите нивни пратеници и функционери да се откажат од дипломатските пасоши, а не додека народот страда, тие да ги користат привилегиите на позициите. Со право народот вели дека немаме држава, и таа треба да се врати, стои во партиското соопштение.
Освен Швајцарија, која официјално дозволила транзит на македонски државјани со стари пасоши, Босна и Херцеговина забранила, а другите европски држави не се знае уште колку време ќе толерираат.