ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ја претворија Зоолошка во хорор филм, обвинуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
46 прегледи

СДСМ упати низа критики кон градската администрација за состојбите во скопската Зоолошка градина. Обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска ја претвориле установата во хорор филм.

-Последните информации дека угинала слоницата Даела за која нема никаква јавна информација од кои причини е кулминација на негрижата и уништувањето на ова прекрасно место. Видеото кое кружи по социјaлните мрежи од транспортот на животното до Дрисла е врв на иживувањето.

Во последните месеци и години угинаа многу животни, две жирафи, тигар, коњи и други животни, порачуваат од најголемата опозициска партија.

Дел од медиумите денеска објавија дека угинала слоницата, иако се уште нема официјални информации за причината за смртта. Наспроти тоа, се појавија и информации дека била еутанизирана поради долга болест што ја имала, но без детали за неа и дали постоело лекување и како била третирана.

Моментално во Зоолошката градина остана само слоницата Дуња.

Оваа серија на трагедии ја доведува во прашање грижата и условите во кои се држат животните во скопската Зоолошка градина. Јавноста бара одговори и транспарентност од управата на зоолошката градина, како и итни мерки за подобрување на условите и грижа за животните.

Слични содржини