„Филипче направил одличен резултат на овие избори. И бидејќи е добар резултат го повикуваме да го повтори истиот. И сè додека Заев наредува а Филипче исполнува, СДС е на добар пат да ја повторува оваа состојба. Му честитаме. Не можеше подобро“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Од партијата на Христијан Мицкоски „им посакуваат уште многу вакви успеси“, кои, како што велат, за нив се очигледно одлични, „но за Македонија за жал се тешко потсетување на реалноста која СДС ја носи со себе“.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека загубата на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе од 140.000 гласови во првиот изборен круг јасно покажува тренд на растечка поддршка за опозициските партии и дека очекува опозициското расположение да се засили во периодот после изборите, поради незадоволството на граѓаните од актуелната власт.
„Сметам дека треба да продолжи трендот на пат на поддршката на оваа владејачка гарнитура. И тоа беше евидентно во првиот круг на изборите. Повеќе од 140.000 гласови изгуби ВМРО-ДПМНЕ за нешто повеќе од година дена. И тоа е јасен знак, јасен индикатор дека опозициското расположение расте. Очекувам тоа да продолжи и да се засили и во периодот после изборите”, истакна д-р Филипче.
Тој додаде дека причините за ваквиот пад на поддршка лежат во однесувањето на власта и нејзината неспособност да понуди решенија за клучните проблеми на граѓаните.