ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за седницата за уставни измени, тврдат дека немаат притисоци

од Nikola Popovski
450 прегледи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во петок ќе присуствува на пленарната седница посветена на уставните измени. Ова денеска го истакна координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски.

Пратеничкот порача дека штом почне седницата во петок, јавноста ќе ја види стратегијата и целиот настап на ВМРО-ДПМНЕ.

Аргументирано ќе објасниме исто како и на Комисијата за уставни прашања. Она што до мене е стигнато е дека нема никакви притисоци, туку поддршка од граѓаните кои бараат од нас да истраеме, вели Мицевски.

Според него, процедурата и деловникот се јасни.

Се надевам дека предлогот ќе биде ставен на гласање и целокупната јавноста ќе види со кого си има работа. Тоа ќе се види и на самото гласање на дневниот ред, објасни Мицевски пред присутните новинари.

На 18 август, Собранието најнапред треба да го изгласа дневниот ред со единствена точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија за што се потребни 61 глас. Потоа се пристапува кон претрес по предлогот.

Слични содржини