ВМРО-ДПМНЕ: Иста таква машина за бележење за која обвинува СДСМ, набавила и општина Струмица за 15 илјади евра

од Nikola Popovski
254 прегледи

СДСМ брутално лаже за набавката на машините за бележење сообраќајници, одејќи со наратив дека е голема афера, а всушност станува збор за домаќинска набавка, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС вели дека таквата машина можела да се набавки за (цитираме) „две до три илјади евра“. Еве и да речеме дека е така, во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави. Оттука следствено на тоа ќе ги поставиме истите прашања кои ги поставува СДС. Што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот. Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики, велат од партијата на Христијан Мицкоски.

СДСМ веќе објави документи кои според партијата покажуваат како општина Битола и општина Велес, раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ набавиле по една машина за бележење хоризонтална сигнализација, „а не две како што лажеше ДПМНЕ“.

-Во спецификацијата јасно е наведено дека Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако таква машина може да се купи за 2-3 илјади евра. Разликата во цената е дури 47.000 евра. Иста таква машина, од истата фирма набавила и општина Велес, по астрономска сума од 42.000 евра. Цена за 40.000 евра повисока од реалната, порачуваат од СДСМ.

Општина Велес веќе претходно објави дека набавила машина за бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, на патишта во велешко. Вредноста на машината е 2,6 милиони денари.

Слични содржини