Стево Пендаровски е докажан губитник кој повторно ќе биде поразен. Пендаровски знае дека не поминува кај граѓаните и дека е само жртвено јагне на Зоран Заев и СДСМ, порачаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако Пендаровски на Конгресот на СДСМ денеска беше потврден за претседателски кандидат.

„Денеска не бираа делегатите на СДСМ, денес само кренаа рака по нарачка на Заев и Али Ахмети. Зоран Заев денес на деспотски начин со претходно наметнат кандидат за претседател од меѓупартиски договор фингираше изборна конвенција“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека СДСМ невешто одглумила демократија, а всушност на најдеспотски начин им беше ставен на тацна Стево Пендаровски.
„Кандидатот за претседател на државата од СДСМ е само бледа копија на Заев – слеп послушник кој работи на штета на Република Македонија. Глас за Пендаровски е глас за Заев, глас за нови кршења на Уставот и девалвирање на државноста“, порача најголенмата опозициска партија.