ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба против Спасовски

од Nikola Popovski
272 прегледи

Граѓаните се доведени во ситуација да бидат во притвор во сопствената држава. Имено, изминатите години, надлежните институции, пред се МВР предводено од Оливер Спасовски, свесно работеле против интересите на државата и граѓаните, за сега да има целосен крах во издавањето на патни исправи поради што граѓаните не можат да ги остварат своите основни слободи и права, изјави пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, „Спасовски не само што го оштетил државниот буџет, туку ги оштетил и граѓаните кои денес се соочуваат со ограничување на движењето и материјална штета“.

-За ова ВМРО-ДПМНЕ во име на сите граѓани ќе побара кривична одговорност од Оливер Спасовски, затоа што граѓаните кои извадиле пасош во период од 2018 година па до денес, а на кои државата не им издала соодветна патна исправа, се директно оштетени и доведени во омаловажувачка позиција да не можат да ги уживаат своите права.

Воедно во име на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тужба со цел обештетување на граѓаните кои свесно од страна на ова влада на ДУИ и СДС беа изложени на непотребни финансиски трошоци, рече Јанушев на прес-конференција.

Слични содржини