ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада, но ќе се воздржи од гласање за неа

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница на Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада, но да се воздржи од гласање за неа, информираше вечерва Тимчо Муцунски, член на ИК.

Се очекува, кажа тој, на Централниот комитет на партијата да го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада, а нивните имиња ќе бидат соопштени после Водици.

-Причината поради која Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација, од криминал до корупција. Нема нерегуларност која не е направена од страна на оваа власт. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Поради сите овие причини, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ завзема став да се воздржи од гласање на техничка влада која под водство на Талат Џафери и ДУИ нема никаков легитимитет, рече Муцунски.

Партијата, меѓу другото, вечерва ги избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатите за претседател на државата.

Слични содржини