ВМРО-ДПМНЕ: Констатирани неправилности во 19 од 24 јавни здравствени установи

од Nikola Popovski
28 прегледи

Контролите спроведени од надлежни институции во јавните здравствени установи покажуваат огромен број на неправилности. Од контроли во 24 јавни здравствени установи неправилности се утврдени во 23 и тоа во делот на јавни набавки, обвинија преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на власт, констатирани се неправилности во клиниките за Максилофацијална хирургија во Скопје, за Урологија, за радиологија за Нефрологија, за психијатрија, потоа во здравствените домови во Гостивар, во Ресен, во Струга, во Делчево, во Демир Хисар, во Велес, Пробиштип, како и во Клиничка болница во Тетово, во Институт за јавно здравје Скопје, во Општа болница во Струга, Општа болница во Струмица, Општа болница со проширена дејност во Дебар, Центар за јавно здравје во Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид.

Од партијата на Христијан Мицкоски се децидни дека неправилностите во здравството го метастазирале системот и најавуваат дека злоупотребите ќе излегуваат на површина и дека ќе има одговорност.

Слични содржини