Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ во соопштението е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби. Има ли поголема зона без Aлбанци кojа ДУИ и Ахмети ја направија по нивното над 20 годишно владеење каде избркаа десетици и стотици илјади луѓе надвор од државата по потрага по подобар стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешното соопштение на ДУИ.
Додаваат дека „ова е уште една лага и манипулација“, затоа што во владиниот тим советници има и Aлбанец, а тоа е професорот Шенер Биљали кој е надворешен советник на премиерот за односи меѓу заедниците, како и уште неколку национални координатори кои се Aлбанци.
-Ние за разлика од ДУИ политиката не ја гледаме низ призма дали некој е Mакедонец или Aлбанец, туку единствено низ призма на компетенции и способност, нешто што е мисловна именка за ДУИ, посочуваат од партијата на власт.
Од ДУИ утринава обвинија дека „Владата продолжува со создавање „они без Албанци во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки“. Замеруваат дека тоа огледува во составот на советнички тим на премиерот каде речиси нема ниту еден Албанец, рекоа од партијата на Али Ахмети.
Инаку, премиерот Христијан Мицкоски, како што вчера соопштија од Владата, а и самиот тој кажа пред два дена, го советуваат вкупно 17 надворешни соработници.