ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска е најнеуспешен директор на УЈП

од Nikola Popovski

Лукаревска е најнеуспешен директор на УЈП. Милиони се испумпаа од УЈП со фиктивни фактури, кога ВМРО-ДПМНЕ објави таа негираше, за сега сама да признае дека имало криминал, велат од партијата на Христијан Мицкоски како реакција на искажаните зборови од страна на потпретседателката на СДСМ.

Според партијата, „државата е колабирана по сите основи“.

-Сите земји од регионот од 2017 до 2023 годима имаат раст на БДП по глава на жител над 50%, само Македонија со СДС и ДУИ 20%. Прашањето како е тоа можно? Одговорот е имаме влада која е двојно послаба од владите во сите околни држави од Албанија, преку Србија и Црна Гора до БИХ. Нема држава во регионот која е зад нас, порачаа меѓу другото од „Белата палата“.

Претходно, Лукаревска во интервју за „Фокус“ порача дека приказните за некакви поделби во СДСМ се дело на „кујната“ во ВМРО-ДПМНЕ. За тврдењата пак, дека партијата имала некаков поданички однос кон ДУИ и кон американската амбасада, Лукаревска порачува дека станува збор за партнерство на субјекти кои сакаат да ја видат државата во ЕУ,

Слични содржини