ВМРО-ДПМНЕ лустрираше писатели и сега лаже дека ќе има цензура, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
180 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ја нарача срамната лустрација на Славко Јаневски славниот македонски писател и автор на првиот роман на македонски јазик. Токму ВМРО-ДПМНЕ еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Блаже Конески, го нарекуваше „џуџето од Небрегово“, велат од СДСМ како реакција на денешното обраќање на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според владеачката партија, ВМРО-ДПМНЕ денес „извртува изјави и ја плаши јавноста со наводна цензура, што нема врска со реалноста“.

-Слободата на изразување, која ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишниот режим постојано ја погазуваше, денес е загарантирана и никој не смее да ја загрозува. ВМРО-ДПМНЕ едноставно не се откажува од ширењето лажни вести и дезинформации кое им е единствен начин на политичко дејствување, велат од „Бихаќка“.

Арсовски денеска побара оставка од министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

-Во духот на протоколите кои власта на Ковачевски ги потпиша со Бугарија, скафандер министерката сака да наметне орвеловски свет во македонската култура. Се обидува да наметне брутална цензура врз македонското бесценето творештво и култура. Таа без срам им порачува на македонските автори да не користат историски наратив во нивните дела, затоа што токму со протоколите кои ги имаат потпишано, Бугарија има право да посочува на некаков говор на омраза, кој само таа може да го види каде што постои, односно не постои, обвини Арсовски на прес-конференција.

Слични содржини