ВМРО-ДПМНЕ најави протест против договорот

од Vladimir Zorba
Членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата која се одржала синоќа одлучиле дека договорот на  Заев со грчкиот премиер Ципрас е исклучително штетен и е во апсолутна спротивност со државните и националните интереси на Република Македонија.

„Договорот сам по себе ги одразува грчките максималистички барања. Ваквиот договор предвидува уставни измени кои ќе имаат несогледливи последици по идентитетот на државата и народот. Загрозен е идентитетот, кој сега има пошироко толкување, односно наместо Македонци, или македонско, како што е сега, ќе има дообјаснување дека тоа се однесува на новото име на кое Заев се согласил, односно  Република Северна Македонија“ рече портпаролот на партијата Димче Арсовски.          Од ВМРО-ДПМНЕ уште додаваат дека ќе ги искористи сите демократски методи овој „приватен капитулантски договор на Заев да се спречи“.ВМРО ДПМНЕ утре во 13 часот ќе организира протестен марш во Битола против договорот за решавање на спорот за името.

„Воедно ги повикувам сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13.30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до споменикот на Гоце Делчев пред Домот на културата“, речи Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини