Откако првично на вечерашниот состанок на Извршниот комитет ставот за референдумот влечеше кон опцијата партијата да ги повика граѓаните сами да одлучат како ќе се гласаат, во моментов во ВМРО-ДПМНЕ се води борба тој став барем да се „ублажи“, некако сспакува и продаде пред јавноста како демократски став.

Дел од членовите на Извршниот комитет се обидуваат да го сменат првичниот став и да се оди на опцијата партијата да ги повика граѓаните сами да одлучат ДАЛИ и како ќе гласаат. Сеуште нема став за тоа со кој став вечерва ќе излезе Мицковски.