ВМРО-ДПМНЕ не сака да победи на парламентарни избори, а тоа да се плати со човечки живот

од Берта Китинска
109 прегледи

Лажните вести од страната на СДСМ се пуштени на најјако.СДСМ знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните и ќе изгубат на изборите кога и тие да се одржат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека кога и да се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи , а тоа го потврдуваат и последните анкети.

-За ВМРО-ДПМНЕ најважно е пред се здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ не сака да победи на парламентарни избори, а тоа да се плати со човечки живот.СДСМ и Заев сакаат по цена на граѓаните да се изборат за помал пораз.3 години Заев, три години Хибриден режим. Три години неспособност, криминал и сиромаштија. За сето ова тој ќе биде казнет од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини