ВМРО-ДПМНЕ објави дека Жерновски земал 1.000 евра месечно како координатор за „изградба’’ на болницата во Штип откако членот на СДСМ им порача дека „нема американска виза ни за периметарот“

„Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е во периметарот на Трамп, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија“, истакна Жерновски

од Nikola Popovski
36 прегледи Фото: Фејсбук/СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ преку објава упати критики кон ставовите на членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски откако САД ја укина имигрантската виза за Македонија. Од партијата забележуваат дека Жерновски денеска иронично говори дека Македонија ќе ги задржи младите дома.

„Жерновски вака не беше хумористичен кога добиваше по 1.000 евра месечно како проектен менаџер за изградба на Клиничкиот центар во Штип, за којшто беа обезбедени средства од минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но СДС не успеа да ја изгради. Изгледа тогаш му одговарало на Жерновски да го полни својот џеб од парите на граѓаните, а притоа ништо да не работи. Жерновски, како Заев и Филипче, треба да биде во минатото на политиката, а не „ново лице’’ на СДС“, стои во партиското соопштение.

Повод за ваквиот став на партијата на власт беше објавата на членот на СДСМ дека „владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома, а од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика“. Жерновски во својата објава забележува дека „нема виза ни за периметарот“, мислејќи за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски и нашето поставување кон стратешкиот партнер САД.

„Мицкоски веќе втора година нè убедува дека е „во периметарот на Трамп“, па затоа сето ова е резултат на лажно прикажаните односи и слабата дипломатија.

Погубно е вината да ја бараме во САД, бидејќи проблемот лежи во митот за „прв другар со Трамп“, кој мит е креиран и постои само во домашната пропаганда. Затоа, ова не е проблем на Вашингтон, туку на неспособната и саморекламерска надворешна политика, која повеќе служи за па-ар стратегија, отколку за заштита на интересите на македонските граѓани“, напиша, меѓу другото, Жерновски.

Слични содржини