ВМРО-ДПМНЕ очекува ДКСК да поднесе пријава против Маричиќ за злоупотреба на службено возило

од Nikola Popovski
253 прегледи

Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности, побараа од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата очекуваат и ДКСК да не молчи на, како што велат, злоупотребите на Маричиќ и да поднесе пријава против него за злоупотреба на службено возило за партиски и приватни цели.

-Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски. Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности, порачаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Додаваат дека возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции.

Слични содржини