ВМРО-ДПМНЕ освои 32 градоначалници во првиот круг, ВЛЕН победи на пет места, а СДСМ на три

Според ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во моментов победи и има водство во 53 општини, ВЛЕН во 9, СДСМ во 8, НАИ во 5, а Демократската партија на Турците освои едно градоначалничко место

од Nikola Popovski
35 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 32 општини, Коалицијата ВЛЕН во 5, СДСМ и Коалицијата во 3, а Националната алијанса за интеграција во 4.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и  Штип, додека Старо Нагоричане е граничен случај, бидејќи, како што веќе наведивме погоре,

СДСМ во првиот круг освои градоначалнички места во 3 општините: Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Според податоците на ДИК, коалицијата ВЛЕН во трката за градоначланик во првиот круг победи во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце, додека коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.

Според ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во моментов победи и има водство во 53 општини, ВЛЕН во 9, СДСМ во 8, НАИ во 5, а Демократската партија на Турците освои едно градоначалничко место.

Во Град Скопје во вториот круг ќе бидат кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и актуелниот пратеник на Левица во Собранието, Амар Мециновиќ. Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија, објавени утрово во 7 часот на нивната веб-страница,  од обработени 100 отсто од избирачките места во главниот град, Ѓорѓиевски е прв со освоени 39,43 отсто од гласовите на скопјани или 91 582 гласа, додека кандидатот на Левица, Мециновиќ има освоено 13,20 отсто од гласовите или во апсолутни бројки, 30 659.

Вториот круг од изборите е закажан за две недели.