„Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за партиските ставови на СДСМ.
Од најголемата владејачка партија потенцираат дека не се мешаат во политичките состојби во Србија и дека за нив единствен интерес е интересот на македонските граѓани.
„Но опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ.
Венко со златна виза од Дубаи, бизниси и сметки во Бугарија и политички ментори од Србија, со старател Заев, не може да биде иднина на оваа држава“, стои меѓу другото во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.