ВМРО-ДПМНЕ повеќе немаат образ да прозиваат било кого, рече Кузеска по неуспешната интерпелација на Гаши

од Nikola Popovski
21 прегледи

Во одговор на новинарско прашање портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска рече ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на вчерашната седница го заштитија претседателот на Собранието, Африм Гаши од одговорност за сите скандали.

-Се враќа неказнивоста од 2016 година на голема врата, функционерите од власта прават што сакаат без да одговараат. Полна му беше устата на Мицкоски со ветувања дека секој што ќе прекрши правила ќе одговара, тие ветувања паднаа во вода, одговорност нема за никого од власта. После ова гласање ВМРО-ДПМНЕ повеќе немаат образ да прозиваат било кого, рече Кузеска.

Со 72 гласа „против“ и 21 „за“, Собранието синоќа не ја прифати интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието поднесена од Левица.

На гласањето пратениците на ДУИ не присуствуваа во салата, а претходно претставници на пратеничките групи од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи се изјасни дека нема да гласа според препораките на неговата партија која гласаше за интерпелацијата.

Слични содржини