ВМРО-ДПМНЕ повторно со прашања до Филипче: Дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари?

Иако претседателот на СДСМ вчера негираше дека заедно со екс-премиерот Заев инвестира во изградба на зграда во Дубаи и обвини за дефокус, ВМРО-ДПМНЕ повторно бара одговори

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи.Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, доколку „Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите.

Но, Филипче не покажува документи – поради тоа што ги нема“.

-Сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Заев, кој рече дека ја видел 42катницата изградена од Заев, истакна и дека ги видел и становите на Филипче и Заев во Дубаи.

Венко Филипче не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза. Инаку, да потсетиме дека за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да имате минимум инвестиција од 500.000 долари.

Затоа, Филипче треба  да одговори, а не да молчи, дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари? На кој начин ги има тој заработено овие пари, бидејќи со плата од доктор и пратеник не се стигнува до таа сума“, изјави Манасиевски.

Претседателот на СДСМ вчера демантираше дека има удел во бизнисот на екс-премиерот Зоран Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, како што обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче на брифинг со новинарите истакна дека нема станови во ОАЕ и потенцира дека се работи за дефокус на кујните на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека има виза за многу други земји и дека тоа е дел од обидот да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми.

Лидерот на СДСМ ги негира обвинувањата за удел во градење на 40-катница во Дубаи и потврди дека не го познава Аврамски