Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова се само дел од послушниците на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање на антидржавната агенда, соопштува ВМРО ДПМНЕ
Тие се наследниците на Милчин кој нема никаков проблем да седи во највисоките раководни тела на СДСМ, а себе си да се претставува како неутрален и објективен дел од граѓанскиот сектор.
Ваквите ликови еден ден се обидуваат да ја лажат јавноста дека се некакви борци за слобода и демократија, а другиот ден мрдаат со опашките чекајќи Зоран Заев да ги помилува.
Јасно е како бел ден дека нивните платенички револуции или пленуми, исто како и нивните невладини организации не ги интересира ниту граѓанското општество, ниту просперитетот на државата.
Ги интересираат само нивните банкарски сметки и функциите кои може да им ги подари аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Затоа се подготвени да напаѓаат и повредуваат полициски службеници, да палат, демолираат и уништуваат.
Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат интересите на граѓаните. На Македонија и треба вистински невладин сектор кој ќе ги препознае потребите на граѓаните и вистински ќе се бори за нив.
На Македонија не и требаат платеници кои заради нечија политичка агенда ќе спроведуваат валкани насилни кампањи. Токму затоа е неопходен процесот на десоросоизација на македонското општество.