ВМРО-ДПМНЕ предлага закон, па излегува од седница, вели Велковски

од Nikola Popovski
264 прегледи

Пратеникот од СДСМ, Диме Велковски вели дека денешната блокада на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ не е ништо различно од претходно што се правеше.

-Соочени сме со блокирање одредени закони, па потоа истите да се предлагаат од опозицијата. Денеска не успеаа во блокадата и малку се збунија. Имаше предлози од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за кои што претходните нивни колеги предлагаа таа точка што била заменета, сега да се врати назад. Малку беше нелогично. Претходно предлагаа закон, нивната пратеничка го образложува, тие излегуваат од седница, па се сетија дека не е коректно, дека е нивен закон, па се вратија назад за минута и пол. Нивното блокираше не се разликува од претходното. Навикнати сме на ова, рече Велковски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини