ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска не дозволува стотици деца бесплатно да летуваат и да се социјализираат на летен камп, проект на Здружението за хумано – општествен развој Проект Среќа кој во изминатите неколку години имаше финансиска поддршка од Град Скопје и претходниот градоначалник, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека оваа година, овој проект за првпат не е поддржан од Град Скопје, бидејќи градоначалничката и ВМРО-ДПМНЕ, како што посочуваат од партијата им се поважани од стотиците вработувања за кои ќе се потрошат 670.000 евра.
-Ако беше искрена, Арсовска ќе се откажеше од парите за партиски вработувања и ќе ги пренасочеше во проекти кои значат помош на граѓаните.Ваквото однесување на Арсовска е показател за нула чувство за одговорност кон граѓаните.Арсовска како и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека не работат во интерес на граѓаните, туку се грижат само за личните и партиските интереси, појаснуваат од владејачката партија.