ВМРО-ДПМНЕ прифаќа да се договори датум за избори во Собрание

од Nikola Popovski
198 прегледи

Ние немаме намера да влегуваме во партиска преписка со тоа дали треба лидерска средба или нема да има лидерска средба. Нема да влегуваме во менталниот склоп на фрустрирани луѓе, доколку ценат дека на тој начин ќе излеземе од потенцијалната политичка и уставна криза, нема проблем прифаќаме се и во Собрание нека биде, еве работни групи нека седнат нека разговараат, изјавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, при денешната теренска активност во Општина Штип.

Тој побарал од Ковачевски да именува луѓе кои ќе бидат подготвени да разговараат за датумите за одржување на претседателски и парламентарни избори, бидејќи како што рече Ковачевски се однесува кукавички затоа што постојано бега од избори, лидерска средба и дуели.

Премиерот вчера изјави дека во однос на изборите, имаат јасен став и тие ќе бидат редовни.

-Во однос на тајмингот тоа е нешто кое може да се разговара. Во однос на тоа во кој месец ќе биде тоа е согласно роковите во собранието, сметам дека тука треба да седнат претставници на политичките партии на работно ниво кои што ќе можат да разговараат за деталите, истакна Ковачевски.

Редовниот термин за избор на претседател се движи во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател, броејќи наназад од 12 мај или прв круг во периодот од 14 март до 21 април. Тешкотии отвора обидот да се поврзат со парламентарните. Тие, според Уставот, се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на сегашните пратеници, или, броено од 4 август наназад, доведува до 5 мај.

Законот дозволува со термините за претседателски и парламентарни да се маневрира 60 односно 90 дена.

Слични содржини