Прославата на Арсовска скопјани ги чинеше нула денари, за 100 илјади евра помалку од таа што Шилегов ја направи на криминален начин и за која ДКСК покрена иницијатива за разгледување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Мартин Попов од СДСМ.
Според најголемата опозициска партија, „од ваквите автоголови и лаги на СДСМ, и Мартин Попов кој што го пуштаат очигледно низ вода, на јавноста и е преку глава“.
-Но, прашањето на кое требаше да одговори СДСМ денес е: Како граѓаните да го преживеат новото второ поскапување на струја од над 15 проценти? Новото поскапување на парното греење за 14,05 проценти? И новото поскапување на метанот за 120 проценти? Веројатно овие прашања не ги засегаат милионерите од СДСМ на кои крадените пари им се доволни, стои во соопштението од партијата.
Советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, Мартин Попов денеска упати неколку прашања до градоначалничката Данела Арсовска.
-Дали има пари за коалициските партнери на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ?
Дали фирмата на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски Камиказа, КЛС, била ангажирана околу озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад?
Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација?, изјави Попов.