Само Венко Филипче и СДСМ ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа во Собранието беше изгласан Договорот. Најголемата владеачкка партија смета дека лидерот на СДСМ и неговата партија се уплашени од у спехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни вести.
-Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и шири инсинуации во врска со договорот. Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси, посочуваат од партијата на Христијан Мицкоски.
Само шестмина „против“ наспроти 74 „за“. Пратениците го изгласаа стратешкиот договор со Обединетото Кралство, а на гласањето му претходеше жестока дебата. Од СДСМ велат дека од политички аспект развивањето на партнерството го поддржуваат заемот, но се сомневаат во договорот тежок 6 милијарди евра. И деталите во англиската верзија се проблематични, рече координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски.