ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ го користеле владиниот авион 25 дена во месецот, како и за летови до Ниш

од Nikola Popovski
833 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ возвратија на обвинувањата од СДСМ за трошокот за авионските билети за владината делегација која присуствуваше на НАТО Самитот во САД. Од владеачката партија велат дека „од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена, а меѓудругото и за летови до Ниш“.

Од партијата на Христијан Мицкоси обвинуваат дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер.

-Што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, тие се далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт. Не само што нивните трошоци беа целосно непродуктивни. Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво.

СДС е партија на минатото, партија која го загуби контактот со реалноста и потребите на граѓаните. Наместо да критикуваат, нека понудат конкретни решенија за проблемите кои самите ги создадоа. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нашите ветувања и продолжува да работи за иднината на Македонија, стои во партиското соопштение.

Претходно портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска обелодени дека речиси 20.000 евра чинеле картите за бизнис класа за патувањето на владината делегација во Вашингтон.

-Според нашите информации, За Христијан Мицкоски извршена е нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4000 евра. Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на министерот за одбрана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4500 евра секоја.

Речиси 20.000 евра ги чини граѓаните само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон! Ова ли е тоа душманско трошење на буџетот за кое секој ден беседи Мицкоски? Има ли образ да излезе и да ги оправда овие суми, додека зборува за домаќинско работење, праша Кузеска на прес-конференција од седиштето на „Бихаќка“.

Слични содржини