„Народот кажува НЕ за бугаризација, ВМРО-ДПМНЕ е брана за промена на Уставот и спречува асимилација на народот“, соопштуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски низ Собрание турка известување. Тоа што денес ги тера да гласаат пратениците од СДСМ е обична информација. СДСМ нема мнозинство да го промени Уставот и да ја бугаризира државата.
ВМРО-ДПМНЕ е пречка за промена на Уставот и нема да поддржи ништо што е на штета на Македонските национални интереси.
Ковачевски со гласањето денес, само потврдува дека е спремен на се, само за гола власт, па дури и да ја понижи сопствената држава и да ги загрози нејзините позиции“, истакнуваат, меѓу другото, од Белата палата и повикаа на нов протест во 12 часот.