ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин задолжен за нови 1.250 евра

од Vladimir Zorba
348 прегледи

Зголемена инфлација, високи цени на основни прехранбени продукти, а ниски примања. Се поголема е сиромаштијата во Македонија. Инфлацијата целосно го изеде стандардот на граѓаните, а власта со прст не мрдна за зголемување на куповната моќ кај населението“, вели денеска во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи нема капитални инвестиции, велат од Белата палата, БДП на државата за почетокот на оваа година е најниско во регионот, владата на Ковачевски реши повторно да ја задолжи државата.

За последните две години, продолжуваат оттаму, Македонија е задолжена за над 1.6 милијарди евра, а со новото задолжување оваа власт ќе ги задолжи граѓаните за 2.3 милијарди евра и со тоа јавниот долг на државата ќе изнесува над 7.9 милијарди евра.

„Под превезот на кризите власта за само 3 години го задолжи секој граѓанин за нови 1.250 евра“, истакнуваат, меѓу другото, од партијата на Мицкоски.

Слични содржини