Деструктивното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го допре дното. Тропање по маси, викање, недолично однесување…Цел ден денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја прекинат седницата собраниска и на тој начин да го блокираат Законот со кој за 27.000 наставници се зголемуваат платите а за 4.700 се обезбедува трајно вработување, обвинија од СДСМ.
Од таму прашуваат зошто е ВМРО-ДПМНЕ е против наставниците и помошниот персонал во основното и средно образование и што им сметаат?
Од партијата додадоа дека денеска седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ. Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос, додадоа од партијата на „Бихаќка“.