На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, упати критик кон СДСМ за нивната политика која ја опиша како „евтин популизам“. Тој нагласи дека, според нивната логика, имотот на Заев во Дубаи и хациендата на Венко Филипче на Водно би требало да бидат донирани за помош во Кочани, како одговор на актуелната трагедија.
Петрушевски истакна дека таквите политички изјави претставуваат ниски страсти и „некрофилија“ кои треба да престанат. Тој додаде дека СДСМ не може да критикува тендер кој тие истите го распишале кога беа на власт, бидејќи воопшто не постои нешто спорно во процесот, кој е комплетно законски.
„Суштината е што тие сега се обидуваат да создадат забуна и да ја вулгаризираат ситуацијата. Овој тендер е ист како и тие што тие ги спроведуваа редовно додека беа на власт, но сега очигледно го прават за да ги задоволат своите интереси,“ изјави Петрушевски.
Тој го обвини СДСМ за неконзистентни политики кои ги ставиле интересите на малкумина во прв план, спротивно на ВМРО-ДПМНЕ која, како што рече, ги слуша и почитува потребите на народот. Петрушевски истакна дека времето на криминални тендери заврши и дека СДС не се променило.