ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела

од Nikola Popovski
257 прегледи

На Клиниката за гинекологија за една недела се случија три скандали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија го наведуваат последниот случај со скршената рака на новороденче, потоа случајот на бебето на кое му беше пресечен дел од прстот, како и случајот на починатите новороденче и мајка.

Од ВМРО-ДПМНЕ за ова ја обвинуваат власта, којашто според нив не инвестирала во кадар, опрема и инфраструктура.

Директорката на Клиниката за гинекологија Викторија Јовановска најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот со новороденчето на семејството Дамјановски и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето.

Слични содржини