ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучува дали ќе го блокира Собранието

од Берта Китинска
296 прегледи

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува дали партијата ќе започне активна блокада на Собранието, што го најави вчера лидерот Христијан Мицкоски.

„СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори. На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници“, се вели во партиското соопштение.

Слични содржини