ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе ги објави имињата на министрите, предлогот за владин кабинет во вторник

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Мандатарот и идниот премиер, Христијан Мицкоски не сакаше да открие детали околу имињата кои што ќе бидат дел од новата Влада. Вели дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ функционира врз основа на Статут и во согласност со Уставот и законите.

Мицкоски информира дека во претстојниот викенд, во недела ќе биде одржана седница на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат претставени кадровските решенија со нивната биографија.

-Очекувам ИК и ЦК да се произнесат и доколку тоа е успешно и позитивно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список, заедно со програмата на работа, ќе бидат доставени на 18-ти јуни (вторник) до Собранието, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред одржувањето на седницата на ЗЕЛС.

Слични содржини