ВМРО-ДПМНЕ за Извештајот на ЕК: Власта го заобиколува Законот за јавни набавки

од Nikola Popovski
220 прегледи

Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, договорите во 4 очи го јадат системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку утринското соопштение.

Од партијата посочуваат дека ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки.

-Во Извештајот јасно е посочен договорот за автопатите како проблематичен. Јасно се вели: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки.

Заобиколувањето на Законот за јавни набавки, нереформираната администрација и корумпираното судство ја носат државата надолу, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини