ВМРО-ДПМНЕ за Лукаревска: Kоја е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони?

од Nikola Popovski
77 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција на денешната прес-конференција на пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска. Од партијата бараат да одговори „која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ“.

-Да ја потсетиме јавноста за госпоѓицата Лукаревска што таа направи да го придонесе овој хаос во државава, и што направи како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните. Таа е дел од нивниот ментален склоп и од цела нивна историја и составен дел од сето зло што го направија на државата и народот.

Наместо празни прес конференции да држи Лукаревска, нека одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска, стои во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Лукаревска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто, како што рече, Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза.

„Со буџетот се предвидува буџетски дефицит од неверојатни 4,9% и покачување на јавниот долгот на 68%. Само овие две бројки потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја води државата во амбис. Уште со првиот ребаланс, ВМРО-ДПМНЕ го руши она што макотрпно го градевме во соработка со меѓународните финансиски институции, а тоа е стабилен и оджрлив финансиски систем“, изјави Лукаревска.

Лукаревска ги презентираше сите небулози на ребалансот и даде одговор зошто тие се штетни за државата и за економијата.

„Во седум години владеење, од кои пет во ковид и економски кризи, СДСМ успеа да го намали буџетскиот дефицит на 3,6% и да го намали јавниот долг до 55%. Сега ВМРО-ДПМНЕ го покачува дефицитот за цели 36%, а јавниот долг на ризични 68%. Овој процент на јавен долг е спротивен на Мастришките декларации и сериозно ќе го наруши кредитниот и финансискиот рејтинг на земјата“, истакна Лукаревска.

Слични содржини